Со вработените во МВР, АРМ, ЈСП и во градинките почнува масовната имунзација

Од:

Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе почне од денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.

Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта.

Во салата завчера беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фрижидерите за вакцините и друго.

Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата одредени се места каде вакцинираните ќе бидат под опсервација 15 до 20 минути. На самото место ќе има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.

Минатата недела почна вакцинацијата на лица над 77 години со вакцините на „Астра Зенека“. Вакцинацијата се одвива во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци. Минатата недела во земјава стигнаа 24.000 вакцини на „Астра зенека“, а за лицата над 75 години ќе се искористат 20 илјади.

Лицата помлади од 60 години нема да се вакцинираат со „Астра Зенека“. Оваа одлука нашите здравствени власти ја донесоа по примерот на Канада и на Германија. Но, за вакцините на „Астра Зенека“ се чека и официјалната одлука од Бордот на ЕМА. Засега се аплицира само кај постари граѓани и досега официјално не е пријавен ниту еден несакан ефект, исто како и од другите вакцини што се даваат. Единствен проблематичен случај е со 28-годишната девојка кај која се појавила тромбоза на вена на окото по примањето на „Астра Зенака“.

Процесот на имунизација против коронавирусот, кај нас почна 16 февруари, со вакцинирање на здравствените работници. Досега се вакцинирани 7005 здравствени работници. Над 4000 примија вакцина на „Фајзер“ и беа ревакцинирани.

Околу 10.000 наши граѓани ја искористија можноста да се вакцинираат во соседна Србија.

Во земјата досега има пристигнато 78 илјади вакцини, од кои 48 илјади се донација од српската Влада.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска