Со владина помош ќе се реализираат приоритетните проекти во Охрид

Од:

Идните проекти и планови за развој на општина Охрид кои ќе значат подобрување на животот на ѓраѓаните и решавање на долгогодишните предизвици со кои се соочува општината беа тема на разговор на денешната средба на премиерот Никола Груевски со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

Главна тема на разговорот, како што информира владината прес-служба, беа проектите кои се ветени во програмата за работа на општина Охрид, а кои со заедничка поддршка на Владата треба да се реализираат во наредниот период. Премиерот Груевски изворно беше информиран од страна на градоначалникот Бакрачески за динамиката и планот за нивна реализација.

Од страна на премиерот Груевски беше истакнато дека Владата континуирано ги поддржува напорите на општините за поттикнување на локалниот развој, што се отсликува преку проектите за модернизација на локалните и регионални патишта, поддршка на образованието, одвојувањето финансиски средства за изградба и реконструкција на училишта, но и поддршка и поттикнување на локалниот економски развој што ќе придонесе за остварување на капацитети кои ќе значат и нови работни места за граѓаните.

Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за посетата на премиерот Груевски и изрази подготвеност за плодна соработка помеѓу општината Охрид и Владата која ќе резултира со реализација на проектите од интерес на ѓраѓаните.

Тој посочи дека активно работи и е насочен за надминување на најголемите хронични проблеми на Охрид и излегување во пресрет на реалните барања и потреби на охриѓани.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите