А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Со укинувањето на пресудата, судиите потпишаа застарување на предметот за прислушкувањето и слобода за Мијалков

by Кристијан Ландов16/12/2022 - 15:3517/12/2022 - 14:516745
Share0

Со потпишувањето на одлуката за укинување на пресудата за масовното прислушкување, апелациските судии потпишаа и застарување на делата за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ексначалникот на Петтата управа на МВР Горан Грујевски и за Никола Бошкоски. На сите обвинети делата им застаруваат во 2025 година, односно за нешто повеќе од две години.

Добивај вести на вибер

„Таргет-тврдина“ доби правосилна одлука од Апелација, објавена денеска, по пет години од првото рочиште кое беше одржано на 22 декември 2017 година. Само во Кривичниот суд, предметот се судеше три години и два месеци. Потоа беше испратен по жалба на Апелација, каде судиите Јани Нича, Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева, Лидија Чачева, го држеа година и 10 месеци. Нивната одлука која е објавена денеска, предметот одново да се суди, значи дека сите обвинети ќе бидат ослободени со оглед на судската пракса која покажува колку долго траеше судската постапка, а истата треба да е повторена. Според ова, невозможно е да се дочека нова правосилна пресуда за „Таргет-тврдина“ без да има застарување.

Судиите Нича, Беџети, Ристов, Милева и Чачева кои ја донеле одлуката да ја укинат пресудата, можеле да ја избегнат опасноста од застарување на делата. Во случај да констатирале било каква повреда на одредбите од законот, од најбанална до најсуштествена, можеле да ја преотворат постапката со повторен главен претрес и да кажат дали обвинетите се или не се виновни. А потоа, ќе се произнесеше Врховен суд. „А1он“ побара објаснување зошто ова не било направено за да се избегне застарување – но одбија да одговорат.

Апелација истовремено одбива да даде конкретни одговори кои се повредите кои ги констатирале во првостепената пресуда. Оттаму, објавија само бледо соопштение, без никакви детали. Пресудата пак, нема да биде јавно објавена. Испративме и прашања за какви суштествени повреди станува збор во првостепената укината пресуда, на што добивме одговор: „Причините за донесената одлука ќе бидат образложени во писмено изработената одлука“.

Застарувањето на делата за Мијалков и останатите обвинети за прислушкувањето, значи дека државата ќе треба да плаќа оштета на сите незаконски прислушкувани. Ова е трето по ред прислушкување, кое е на пат да остане неказнето.
.

mijalkovtarget-tvrdina

Би можело да ве интересира

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Горан Наумовски07/07/2025 - 09:55

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Горан Наумовски27/05/2025 - 10:43

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски01/05/2025 - 11:3701/05/2025 - 11:37

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски27/04/2025 - 10:49

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Катерина Ѓуровски15/01/2025 - 14:15

Јанкуловска ќе тужи, ќе бара отштета и да се утврдат вистинските виновници за прислушувањето

Катерина Ѓуровски13/01/2025 - 14:0013/01/2025 - 14:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен