ВИДЕО: Со тепање и влечење опозицијата исфрлена од Собранието

Од:

Тепање, влечње, солзи. Обезбедувањето на ваков начин ги исфрли од собраниската сала пратениците од опозицијата.

Бремена пратеничка од опозицијата беше брутално исфрлена, нападната беше и пратеничката Радмила Шеќеринска и еден од поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски.

Ова е фашизам, ова е невидено, извикуваа револтираните пратеници кон обезбедувањето.

Откако беше избркана опозицијата беше внесен претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој ја започна седницата на која според најавите треба да се донесе и буџетот.

Внатре во Собраниската сала е и министерката Гордана Јанкулоска и министерот за финансии Зоран Ставрески.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска