Со света вода ја бркаа короната, но таа ги стигна: Јавноста прашува дали лекувањето во приватна болница е христијанска скромност

Од:

Владиката Агатангел и Митрополит Петар, речиси три недели се заболени со коронавирус и се хоспитализирани во „Систина“. Минатата година и двајцата ги повикуваа верниците да доаѓаат во црквите и да се пречистуваат, да ги бакнуваат иконите и да не се плашат бидејќи таму вирусот не се ширел. Засега, не е познато каде се заразиле, а одговор на ова прашање засега нема ниту од Митрополит Петар. На социјалните мрежи има низа реакции од јавни личности и доктори, особено откако Митрополит Петар изјави дека е хоспитализиран, повеќе како превентива од можни компликации. „А1он“ го праша дали тој побарал лекување во државна клиника, но не добивме одговор.

„Во стабилна здравствена состојба сум. Лично се чувствувам добро без болки и симптоми. За останатото ќе дискутираме кога ќе излезам од болница“, вели кратко Митрополит Петар.

Меѓу првите кои се јави со свој коментар е поранешниот директор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќировски. Тој му посака брзо оздравување на Митрополит Петар, посочувајќи му да шири доверба кон апелите на здравствените работници.

„Да се лежи од 23 март во приватна болница од ‘превентивни причини’ е одраз на ‘христијанска скромност’ на нашите владици.  Човекот кој јавно ме прекори дека вистински верник, не може да заболи од корона, сепак и самиот се разболе. Заклучокот донесете го сами. Јас ќе му посакам што побрзо комплетно оздравување и конечно да започне да шири верба, а не недоверба кон апелите од здравствените работници“, напиша Беќировски.

За превентивната хоспитализација, иако се во добра состојба, реагираше и професорката Мирјана Најчевска.

„Прво, држи кревет на некој на кој навистина му треба. Второ, покажува апсолутна недоверба кон шефот. Трето, од каде бре толку пари кај некој кој се откажал од материјалното во име на духовното?“, напиша Најчевска.

Пред точно една година, свештени лица од Повардарската епархија на МПЦ, со икони, качени во камионет со молитви ги осветуваа улиците на Кавадарци и Велес. Тогаш, сега заболениот Агатангел ги благослови литиите.

Во истиот период, минатата година, Митрополитот Петар за „А1он“ изјави дека најголемите болници за лекување на болните се црквите. Тогаш, останаа да се реализираат и литургиите во црквите, а верниците се причестуваа со една лажичка.

Во пресрет на овогодишното одбележување на најголемиот христијански празник Велигден, засега нема информации за затворање на црквите. Тоа значи дека и оваа година ќе има причестување, како и литургии.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ