• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Со средства од УНДП и Швајцарската амбасада ќе се реконструирааат влезот и салата на Советот на Општина Охрид

by А1он13/12/2018 - 17:50310
Share0

Проектот „Реконструкција и адаптација на влезот и салата од Советот на општина Охрид“ беше избран за приоритетен проект на последната, четврта по ред сесија од Форумот на заедници што денеска се одржа во Охрид. Проектот вреден 50 илјади швајцарски франци ќе се реализира со целосна финансиска поддршка на УНДП и Амбасадата на Швајцарија во Македонија.

Добивај вести на вибер

Доколку при реконструкцијата и адаптацијата на влезот и големата општинска сала не се потрошат сите предвидени средства, остатокот од нив ќе бидат пренаменети за реализација на некој од трите преостанати проекти за кои гласаа седумте работни групи на Форумот, и тоа за уредување на младинска канцеларија и младински совет, за поголема туристичка презентација на општина Охрид преку нови форми на маркетинг и подобрување на условите за настава и работа во ОУ „Христо Узунов“.

Инаку, Форумот на заедници го организираше Општина Охрид, како дел од проектот за Зајакнување на општинските совети.

На денешната сесија од серијата средби во рамки на Форумот на заедници градоначалникот Јован Стојаноски посочи дека партиципативната демократија е извонредна можност за решавање на проблемите во една заедница. Според него, ваквите форуми се можност за генерирање идеи и давање предлози за решавање на проблемите.

На денешната завршна средба и претходеа три работни сесии на кои седумте работни групи во кои имаше претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор дебатираа и предлагаа проекти за социјална инклузија.

ohridsvajcarska ambasadaundp

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:27

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен