Со СМС пораки се бараат потписи од професорите

Од:

Вечерва со смс пораки од 180 професорите кои се на листата со поддршка за државниот испит се бараат и потписи, што говори дека тие меѓу себе не се координирале и не разговарале, туку акцијата на собирање се координира од еден центар. Листата се појави без потписи од професорите но и од некои непознати имиња кои се наведени дека го поддржуваат државниот испит.

-Ве молиме известете ги професорите кои ги предложивте зошто е потребно на меил адреса да се испрати потврда и потпис за поддршка на реформите за државен испит како и за реформите во високото образование, гласи пораката која вечерва беше испратена со намера да се соберат потписите.

Дел од професорите потврдија за А1он дека воопшто не биле консултирани за оваа листа, но не можат да реагираат со оглед дека стравуваат за работните места.

Дел од професорите кои се најдоа на листата се од Универзитетот за туризам и менаџмент, од Воената Академија, и уште неколку приватни Универзитети. Од УКИМ се само неколкумина кои застанаа зад овој став да се поддржи државниот испит.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот