Со системски мерки до решенија кои што ќе го стеснат просторот за создавање на нови долгови на општините

Од:

Во организација на Министерството за локална самоуправа, денеска се одржа тркалезна маса на тема “Предизвици и дилеми во системот на финансирање на надлежностите на општините-редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменски и блок дотации за општините “.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу истакна дека Владата на Република Македонија со мерките што ги презема, застана на ставот дека на општините им е потребна итна финансиска поддршка. Наследените долгови ги задушуваат, со што нивната функционалност сериозно е доведена во прашање.

– Неопходни се системски мерки за да не се продуцираат нови долгови во иднина. Првата мерка беше донесувањето на Законот за пријавување и евиденција на обврските на сите корисници на јавни средства, врз основа на што беше направена и проекцијата на Владата за вкупниот долг. Втората, исклучително важна мерка е усвојувањето на предлог закон за финансиска поддршка на општините и измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Праксата на нереално планирање на буџетот и преземање на обврски без покритие завршува. Третата мерка е системска, како да не се создаваат нови долгови или преиспитување на начинот на финансирање на надлежностите на општините во областа на образованието, детските градинки, локалните установи од областа на културата и противпожарната заштита, рече министерот Фазлиу.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на скопје, Петре Шилегов истакна дека општините уште на почетокот на процесот на децентрализација надлежностите ги презеле оптоварени со долгови кои што сега се дуплирани. Во сите области, особено во образованието има редовен кусок на средства затоа што во меѓувреме се зголемувала цената на енергенсите, а блок дотациите останувале исти, превозниците ги возеле учениците за многу повисоки цени од реалните, а со секое пензионирање во детските градинки и во противпожарните служби местото останувало непополнето затоа што Министерството за финансии не одобрувало ново вработување.

– Сега голем дел од блок дотациите завршуваат за плати. Време е за преиспитување на системот, да се види кои општини се финансиски одржливи а кои не, да се направи фискална категоризација на општините, или можеби руралните општини да добијат друг статус во однос на надлежностите. Децентрализацијата е застаната како процес, треба да продолжи преку соодветни механизми за финансирање, особено преку повеќе средства од персоналниот и од данокот на додадена вредност, рече Шилегов.

Министерот за образование Арбер Адеми ја поздрави иницијативата за преиспитување на блок дотациите но ги повика и градоначалниците да бидат поодговорни во планирањето и реализацијата на средствата од централниот буџет. Министерот за култура Асаф Адеми најави продолжување на процесот на децентрализација во областа на културата, согласно новата Стратегија. Во моментов рече тој во државата има 113 установи од областа на културата од кои 49 се локални. Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска нагласи дека е проблем тоа што средствата од централниот буџет се упатуваат само во општините каде што има установи, со што другите се обесправени. Таа повика на јасни одговорности на двете нивоа на власт, наоѓање на модел за обезбедување на соодветно ниво на приходи и финансиска одговорност во работењето.

Заменикот министер Дејан Павлески истакна дека локалната самоуправа е уставна категорија, а Европската повелба за локална самоуправа со своите принципи инсистира на донесување на одлуките на нивото најблиску до граѓаните, трансфер на надлежности и ресурси, но и соодветен трансфер на финансиски средства за извршување на функциите.

– Потребен е функционален систем на локална самоуправа во кој не може да има трансфер на надлежности и ресурси, без соодветни одговорности од страна на локалните власти, како и пренесување на нови функции на општините, без соодветен трансфер на финансиски и човечки ресурси.

На тркалезната маса на која што присуствуваа градоначалници, претставници од министерствата и од експертската јавност, беа презентирани и дискутирани наодите од анализата направена во консултација со надлежните министерства и со општините за начинот на финансирање на надлежностите на општините во областите на основното и средното образование, детските градинки, културата и противпожарната заштита, финансирани со блок дотации од централниот буџет.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска