ВИДЕО: Со секое собрано пластично шише – поздрава животна средина

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски и генералниот директор на Пакомак, Филип Ивановски потпишаа меморандум за соработка за превенција и подигнување на хигиената во седумте основни училишта на територијата на општината.

„Пакомак за прв пат влегува во Општина Центар и ова беше еден од моите проекти кои лично ги туркав во кампањата и кој сега се реализира и за кој сум особено горд и како родител и како градоначалник. Децата имаат право да учат во здрава животна средина“, рече Жерновски.

Директорот Ивановски појасни дека проектот за селектирање на амабалажниот отпад е започнат минатата година во три скопски општини и се собрани 1 милион пластични шишиња. За Пакомак е особено важна соработката со Центар, со што ќе бидат вклучени плус 4000 основци. Пакомак ќе обезбеди хигиенски средства во училиштата.

„Собраните средства од акцијата ќе ги вратиме во училиштата и истите ќе бидат наменети за хортикултурно уредување и за спортски активности. Секое собрано шише ќе биде вратено во училиштето преку набавка или изградба на она што му е најнеопходно“, изјави Ивановски.

Акцијата продолжува и во општините Аеродром и Ѓорче Петров со која ќе бидат опфатени над 30.000 основци со што ќе биде подигната еколошката култура која како граѓани на Европа ќе треба да ја развиваме.

Жерновски посочи дека мора да се развијат средини без отпад, со оваа акција отпадот ќе се рециклира. Посочи дека негови основни заложби се подобри услови во училиштата затоа рече, започнавме со гасификација, а вчера после 59 години во О.У. Димитар Миладинов ги сменивме подовите за да се спречат заболувањата и инфекциите од прашината и валканиците од старите подови.

Жерновски посочи дека најдоброто училишта во собирање на отпад ќе добие награда од Пакомак во висина од најмалку 750 евра.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски