Со поддршка од УСАИД бизнис средба за меѓугранична соработка

Од:

Во Скопје денеска се одржа бизнис средба меѓу компании од Македонија и од Косово организирана од Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија.

На средбата бизнисмените имаа можност да се запознаат со новите пазари и да се создадат нови релации и партнерства.

Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стеин истакна дека соработката меѓу компаниите не е добра само за бизнисот, туку и за целата економија.

– Индивидуално можеби сте доволно големи да работите на релативно мали пазари, но кога работите заедно, можете да дојдете до поголеми и пошироки пазари. Врските што ги остваривте денеска можеби сметате дека се привремени, но нашето искуство кажува дека е голема веројатноста да се развијат во продуктивни, долготрајни бизнис релации, рече Стеин.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во вредност од 1,9 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд.

Откако започна со работа во јули 2011 година, проектот се спроведува во Скопскиот, Полошкиот, Вардарскиот и Југоисточниот регион. Од годинава проектот е проширен и во Североисточен, Југозападен, Источен и Пелагониски регион.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија е имплементиран од ЦЕЕД Македонија.

Би можело да ве интересира

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Сијарто му се заблагодарува на Трамп што ги замрзна средствата на УСАИД

На работниците на УСАИД им e наредено да се уништат доверливите документи и персоналните досиеја

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Трамп укинува 1.600 работни места во УСАИД