А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Со поддршка од УНДП иновативни решенија за подобар пристап до услуги

by А1он28/07/2017 - 13:16224
Share0

Испораката на услуги на локално ниво треба да се подобри преку олеснување на пристапот на граѓаните до општинската администрација и вклучување на граѓаните во креирањето на услугите и начините на нивна испорака, истакнаа министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон, на денешниот состанок на Управниот одбор на проектот Иновативни решенија за подобар пристап до услуги.

Добивај вести на вибер

За таа цел Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП ќе работат на создавање услови за зголемување и унапредување на услугите кои што граѓаните ќе можат да ги добијат по електронски пат, како и унапредување на концептот за добивање на услугите на едно место, преку развивање на функционални центри за услуги во сите општини.

Фазлиу истакна дека Министерството за локална самоуправа во рамките на неколку комплементарни проекти ќе работи на зајакнување на капацитетите на општините со цел тие да можат посамостојно и поквалитетно да одговорат на потребите на граѓаните.

– Министерството за локална самоуправа во фокусот ги има граѓаните кои што во општините обезбедуваат голем број важни услуги. Системот на локалната самоуправа, вклучувајќи ги административните и финансиските ресурси на општините треба да функционира согласно потребите на граѓаните. Затоа Министерството за локална самоуправа ќе работи на обезбедување на механизми кои што ќе овозможат поефикасно, потранспарентно и поотчетно управување на локално ниво, рече Фазлиу.

Постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон ја поздрави соработката со Министерството за локална самоуправа и истакна дека овој проект ќе се надополнува со новиот проект за подобрување на локалното управување, финансиран од Европската Унија, кој исто така ќе биде имплементиран од страна на УНДП, што ќе значи значителна поддршка на општините во обезбедувањето на услугите во наредниот период.

Во рамките на овој проект е предвидено и зајакнување на капацитетите на Центрите за развој на планските региони преку поддршка на Бизнис центрите, Мрежите за инклузивен развој, како и на воспоставување на регионални канцеларии за енергетска ефикасност, соопшти Министерството за локална самоуправа.

lokalna samoupravaundp

Би можело да ве интересира

Програмата која ја ветивме во најголем дел е остварена, ги вративте општините на вистинскиот пат, вели Мицкоски

Горан Наумовски23/08/2025 - 12:1523/08/2025 - 12:16

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

Горан Наумовски29/06/2025 - 09:20

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

Горан Наумовски11/09/2024 - 11:46

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Предраг Петровиќ28/10/2023 - 13:48

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска28/04/2023 - 14:01

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска01/03/2023 - 14:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен