Со петиција се бара воведување евтина струја додека трае вонредната состојба

Од:

Поради состојбата со коронавирусот, на социјалните мрежи масовно се споделува онлајн петиција на која досега поддршка дале над 7.500 лица, со која се бара во идниов период, додека трае вонредната состојба, да се воведе евтина тарифа на струјата во текот на целото деноноќие. Ова барање се правда со тоа што граѓаните останувале без работа и самоизолацијата.

„Имено, задолжителноста на самоизолацијата, подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие. Тоа значи повисоки режиски трошоци, односноповисоки сметки за струја, вода, греење. Сето ова во ситуација кога граѓаните остануваат без работа поради затворањето на голем дел субјектите од производствените дејности  и сите услужни дејности. Сето ова во ситуација кога сосема е за очекување да има семејства без ниту еден вработен во периодот кој престои. Прво е воведувањето на евтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, а со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата – зголемени износи на сметките за струја“, пишува во петицијата.

Барањето е упатено до Владата, а се поздравуваат и мерките кои досега се донесени за справување со ситуацијата која завладеа во државата поврзана со коронавирусот.

„Но, истовремено ја потенцираме опасноста од настанување нов проблем, а тоа е социјалната криза и сиромаштија која ќе ја предизвикаат здравствените мерки доколку не бидат навремено проследени со социјални мерки“, се додава во петицијата.

Според објавеното, се бара и воведување на низа други мерки за помош на населението преку социјлани трансфери.

 

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска