Со новиот сообраќаен режим дојдоа и новите казни за штипјани

Од:

За само два дена, колку што е во сила двонасочниот сообраќај на улицата „Трст“, па сè до улицата „Маршал Тито“ во Штип, изречени се над 30 казни за возачите што не ја почитуваат сообраќајната сигнализација и поставените знаци со кои се забранува паркирање на улицата „Трст“.

Возачите што добија казни се правдаат дека причина за ваквата постапка биле навиките, бидејќи еднонасочниот сообраќај на оваа улица траеше повеќе од 5 години, а во тој период паркирањето беше дозволено.

stip (1)

Сообраќајниот инспекторат уште еднаш апелираше до граѓаните дека паркирањето на улицата „Трст“ повеќе не е дозволено, освен онаму каде што постои обележан паркинг-простор. Од инспекторатот истакнуваат дека граѓаните на Штип или не ги забележуваат новопоставените сообраќајни знаци или возат по инерција.

Недостатокот на информацијата за новиот сообраќаен режим овојпат дел од штипјани скапо ги чинеше.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски