Со мурали и изложба на цртежи на Пречистителна станица за отпадни води се подига свеста за заштита на водата

Од:

Во присуство на амбасадарот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, градоначалници од регионот и ученици од основни училишта од Струмица денес беше отворен културно-уметничкиот проект „Уметност и вода-магија на животот“, имплементиран од “Здружение за третман на води на Северна Македонија”, а финансиран од Европската Унија.

Амбасадорот Жбогар во обраќањето истакна дека водата треба да се користи внимателно во време кога ја има се помалку во светот.

-За да ја издвоиме оваа фабрика од обичните одлучивме да ги обоиме ѕидовите. Овие прекрасни илустрации покажуваат што прави фабриката и колку е важно да ја одржуваме околината чиста. Од се срце сака да им се заблагодарам на петте извонредни уметници, кои ни помогнаа да ја раскажеме оваа приказна, истакна евроамбасадорот Жбогар.

Додаде приказната на ЕУ за заштита на животната средина продолжува овие денови со нова кампања наречена „За чисто како дома исто“.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски потенцираше дека општината е горда на Пречистителната станица, која е изградена со средства од ИПА фондовите и во согласност со регулативите на Европската Унија и е прва во државата, со која што општина Струмица го решава проблемот со отпадните води.

– Како општина на која што заштитата на животната средина во овој современ начин на живеење и е приоритет, без двоумење ја прифативме партнерската понуда на Здружението за третман на води на Северна Македонија за реализација на културно – уметничкиот проект „Уметност и вода-магија на животот“, финансиран од Европската Унија. И денеска сме навистина горди на делата од овој проект, рече градоначалникот Јаневски.

Муралите и илустрациите на објектите на Пречистителната станица за отпадни води ги создадоа уметниците Ване Костуранов, Драган-Драш Китановски, Марјан Димиќ, Филип Конески и Блаже Атанасков

Ученици од основни училишта од Струмица изложија свои цртежи на ликовна колонија во Пречистителната станица насловена „Нацртај ја водата“, кои ги создадоа по повод Светскиот ден на водата 20 март.

Амбасадорот Жбогар им додели благодарници на училиштата од општина Струмица за учеството на изложбата со нивни цртежи.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски