Братучеди од скопско Кучевиште се истепале бидејќи коњот на едниот од нив, пасел на нива каде што биле коњите на роднината.
Инцидентот се случил вчера попладне во месноста вика „Бунар“. Истрагата утврдила дека 67-годишниот М.Г. од Кучевиште се скарал со роднината Г.М., па 67-годишникот три пати со мотика го удрил братучедот по главата. Во еден момент, повредениот успеал да избега и побарал лекарска помош во скопската Градска болица.