Со механизација и вонредни дежурства Карпош ја расчистува депонијата кај СРЦ „Борис Трајковски“

Од:

Општина Карпош започна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кој изминатава недела гореше во два наврати.

Како што информираат од Општината, од утринава, на терен, интензивно се работи со соодветна тешка механизација, гасеничари, камиони и слично, а во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на општината.

Исто така, од 16 часот, на овој дел ќе дежураат двајца комунални редари на локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се обрати и до СВР Скопје, со барање за зголемени полициски патроли на овој предел и за дежурства во текот на викендот и претстојните денови.

„Општина Карпош, изминативе три години континуирано работи на чистење на депониите. Затворена е децениската депонија кај хотелот „Александар Палас”, во Злокуќани (кај фудбалското игралиште), како и во Бардовци (долж Лепенец).

Исто така, целосно се исчисти и се израмни теренот кај мостот „Газела”, кој прераснува во нов парк. Борбата за почиста животна средина е борба на сите нас“, соопштува Карпош.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски