Со Мавровка, Владата покажа цврста одлучност и треба така да продолжи, смета Николовски

Од:

Со уривањето на дивоградбата кај Мавровка Владата покажа цврста намера, одлучност и решеност од самиот почеток, и сметам дека во тој контекст треба да продолжиме да ја покажеме таа неселективност и подготвеност да ги доведеме работите во ред и да нема исклучок за никого, изјави на денешната прес-конференција вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Кога треба да се уриваат објекти, посочи Николовски, постојано нешто фали кај нас и не може општината или нема буџет, се судираат надлежности или паѓаат тендери.

– Се случуваат разно разни манипулации се со цел да се избегне правдата или решението, кое во случајот со Мавровка го видовме од старт и на кое што лично инсистирав од самиот почеток на формирање на Владата и сметам дека во тој контекст треба да продолжиме да ја покажеме таа неселективност и подготвеност без оглед за што станува збор работите да ги доведеме во ред и да нема исклучок за никого, изајви Николовски.

Тој посочи дека учествувал во преговорите за коалицискиот договор во рамки на Владата и дека во текот на летото било разговарано многу детално и темелно за сите теми кои се дел од коалицискиот договор, вклучително и спојувањето на институциите.

– Тоа ќе го надгледувам и за тоа имам мандат, за спојувањето и рационализацијата на институциите, изјави Николовски.

Проектите кои ги има Министерството за информатичко општество и администрација, нагласи тој, предвидуваат намалување на инспекторатите од 23 на 13 и тоа ќе го имплементираат во овој мандат.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: СДС да каже дали приведениот за убиство го пуштиле од затвор за да работи за избори

Мицкоски: Убијците од „Мавровка“ излегле од затвор кога СДСМ биле на власт

Мицкоски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, убиството во „Мавровка“ е расчистено

Осомничениот за помагање во случајот со убиството кај Мавровка сам и се предал на полицијата

Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка

ОЈО: Еден од осомничените за убиството кај „Мавровка“ пукал и сакал да убие и полицајци

Горан Наумовски