Со маски, мерење температура и под протоколи по година и половина учениците се вратија во клупите

Од:

По пауза од една и пол година, средношколците и основците од вчера повторно се вратија во училишните клупи, притоа почитувајќи ги сите здравствени протоколи. Во училиштата протоколите предвидуваат носење макси, дезинфекција, проветрување на простории и мерење на температура.

Барање за следење онлајн настава за оваа учебна година поднеле околу два отсто од учениците, што според надлежните е прифатлива бројка и се надеваат така ќе остане.

Онлајн учење сепак останува за четири града во државата, поточно во Тетово и Гостивар, каде заради епидемиолошката состојба, две недели ќе се одвива само онлајн настава. Во Струга и Кичево, пак, учениците една недела ќе учат онлајн.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Грција затвора повеќе од 700 училишта

Почнува новата учебна 2025/2026 година

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром