А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Со македонски возачки дозволи во Италија, Шпанија, Албанија и Словенија

by А1он04/06/2013 - 16:383332
Share0

Република Македонија склучи договори со Италија, Шпанија, Албанија и Словенија за реципрочно признавање на македонските возачки дозволи, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Добивај вести на вибер

Со склучувањето на овие договори за заемно признавање на возачките дозволи под услов на репроцитет, како што се наведува, се овозможува на граѓаните на Република Македонија, како и на граѓаните на земјите со кои е склучен договорот за конверзија, а врз основа на прописите кои ја регулираат материјата за „престој“ во странство, тие да ги променат возачките дозволи без да полагаат теоретски и практичен дел од возачкиот испит.

Притоа, одредбите од овие договори за конверзија не се однесуваат на внатрешните прописи во однос на здравствените и психолошките услови потребни за управување со моторните и приклучните возила, кои се поврзани со уверенијата за здравствената и психофизичката состојба на возачите.

Во моментот на признавање на возачката дозвола која е предмет на конверзија, се земаат во предвид еквивалентите категории и поткатегории во возачката дозвола, кои се признаваат врз основа на прилозите за категории и поткатегории на управување со моторни и приклучни возила кои се составен дел на секој договор за заемно признавање (конверзија) на возачките дозволи. Инаку, во тек се преговори за склучување на исти вакви договори за заемно признавање на возачките дозволи со Австралија и Нов Зеланд, како и со СР Германија и Австрија, стои во соопштението.

soobrakaj

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:43

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Предраг Петровиќ16/05/2025 - 18:59

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Горан Наумовски06/04/2025 - 08:53

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ06/01/2025 - 10:03

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Предраг Петровиќ11/09/2024 - 15:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен