Со кое право и зошто МВР ги привилегира Канал 5 и ТВ Нова?

Од:

Министерството за внатрешни работи, на местото на паднатиот авион каде пристапот беше овозоможен само со теренско возило одбра да ги однесе само екипите на Канал 5 и ТВ Нова. Кој беше критериумот на МВР и кој одлучи овие две екипи да бидат привилегирани, кога сите други екипи од сите медиуми беа пристигнати со цел да го снимат местото на несреќата. Доколку МВР се одлучеше таа привилегија да ја даде на јавниот сервис, ќе беше разбирливо, но вака останува отворено прашањето по какви канали е донесена одлуката за избор на овие медиуми?

Претходно МВР не ги пушташе медиумите меѓу кои и А1он кои први пристигнаа таму да се упатат кон местото на несреќата на своја рака, објаснувајќи дека е забранет пристапот.

МВР треба да даде објаснување зошто со селективен пристап кон медиумите создава нелојална конкуренција и овозможува ексклузивни материјали за одредени телевизии и дали тој што ја донел одлуката очекува дека ќе има ист третман од медиумите кои останаа на пет километри од местото.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски