Со „Клинички патеки“ до поквалитетна здравствена нега

Од:

„Клинички патеки“ е новата крупна реформа што ја воведува Министерството за здравство, која ќе има сериозно позитивни ефекти на неколку аспекти на функционирањето на здравствениот систем во целост, информира министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес – конференција.

Овој проект е долгогодишна пракса во сите современи здравствени системи, потенцира Тодоров, но и затоа што сериозно влијае на намалување на клиничките компликации, на лекарските грешки, има позитивно влијание на намалување на болничкиот престој на пациентите, за полесно и подобро следење на финансиските трошоци за секоја процедура, за да не се избегне ниту една процедура пропишана да се преземе за секое заболување…

Ова ќе биде дел од здравствената евиденција што задолжително треба да ја води секоја здравствена установа. Ова се процедури кои што треба да се направат за секоја конкретна дијагноза. Ова ќе има силно влијание на квалитетот на здравствената нега, рече министерот Тодоров, додавајќи дека засега не се предвидени санкции доколку не се испочитува обврската за „Клиничките патеки“, но доколку пациентот смета дека не се преземени потребните процедури може да се жали до Министерството за здравство каде што ќе се направи контрола.

На овој начин здравствените власти, пациентите и здравствените работници, истакна Тодоров, во секое време ќе знаат која здравствена процедура треба да се преземе.

Клиничките патеки треба да бидат готови до средината на ноември, по што официјално ќе бидат објавени во службен весник. Досега се направени над 40 „Клинички патеки“, од кои најмногу за Инфективната клиника.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски