Со кавга за доцнењето почна и продолжението на седницата за избор на влада во Собранието

Од:

Во полупразна сала претседателот Талат Џафери ја продолжи седницата за избор на влада во Собранието. Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ побараа министрите да дојдат на седницата за да ги слушнат евентуалните забелешки или пофалби. Во салата со задоцнување од неколку минути влезе мандатарот Зоран Заев, а по него се појавија уште неколку министри.

„ Пратениците кои бараат точност добро е да ги почитуваат нивните барања. Истото важи и за продолжување на седницата. Ако одморот беше до 15.15 почитуваните дами и господа треба да бидат конзистентни во барањата, координаторите треба да обезбедат кворум и услови за донесување на одлуки. Имам разбирање за пратениците, затоа дадов можност координаторите да ги најават дискусиите. Ниту сум лут, ниту нервозен, но јас не сум вреќа за удирање па на мене да си го лечите стресот“, рече Џафери и покажа на полупразната сала.

Тој нагласи дека за почеток на седницата не е предуслов сите да бидат присутни, туку да бидат тука следните говорници и мандатарот.

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ браа освен мандатарот во салата да дојдат и сите кандидати за министри.

„ Добро е да се види сликата која ја даваат кандидатите за министри за односот кон Собранието. Од 19 кандидати само тројца присутни. Ако тоа е односот на идната влада кон пратеници и граѓаните, нам се ни е јасно. Доблесно е да побарате од мандатарот да ги собере, да ги слушнат забелешките и пофалбите од пратениците“, рече пратеникот Никола Мицевски од ВМРО – ДПМНЕ.

За доцнењето денес му забележа и пратеничката Гордана – Сиљановска – Давкова оти седницата почна со задоцнување од четириесет минути. Таа побара Џафери да внимава седниците да почнуваат навреме, му замери и за тоа што ги коментира говорите на пратениците, што како што рече не е негова обврска.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски