Со измени на Уредбата на Владата, ДИК ќе може да определи друг соодветен простор за спроведување на гласањето

Од:

Владата на синоќешнта седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието со дополнителен член 5-а со кој се утврдува дека доколку не се исполнети просторните услови на просторијата во која е сместено гласачкото место или просторијата каде што треба да се спроведува гласањето, Државната изборна комисија (ДИК) може да определи друг соодветен простор што ги исполнува условите за спроведување на гласањето.

Тимови на ДИК, составени од членови и вработени во Комисијата, како и претседатели на општинските изборни комисии на територија на целата држава деновиве ги проверуваат просториите каде што се извршува гласање, се со цел обезбедување на содветните безбедносни и здравствени мерки за заштита од Ковид-19 за време на предвремените парламентарни избори на 15 јули.
Како што појаснуаат од Владата, со измените на оваа Уредба, се регулираат и правилата за платено политичко рекламирање за политичките партии, како и правилата за обврската на медиумите за бесплатно да ги емитуваат информативните и едукативните кампањи на ДИК, кои се определуваат во траење од 30 секунди на секој час.

Измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите, како што се наведува во соопштението, ги утврдува и правилата за распределбата на рекламниот простор на интернет порталите и во печатените медиуми наменет за платено политичко рекламирање, како и начинот и правилата за распределбата на финансиските средства за платено политичко рекламирање обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија согласно член 76-д од Изборниот законик.

Би можело да ве интересира

18 кандидати за градоначалник на Скопје, 20 листи за членови на Советот

Катерина Ѓуровски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

ДИК: Доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

ДИК го намали бројот на советници во албанските општини, обвинува ДУИ