ВИДЕО: Со исто образложение, Ѓорчев повторно ја одложи седницата за извештајот на Јанева

Од:

Претседателот на комисијата за политички систем, Влатко Ѓорчев повторно без присуство на пратениците од опозицијата ја одложи седницата за разгледување на извештајот на Специјалното јавно обвинителство.

Единствено оправдување за одложувањето на седницата кое Ѓорчев веќе втора недела го истакнува е дека Јанева со непојавувањето не го почитува Собранието, иако таа нема законска обврска лично да го образложи извештајот.

Ѓорчев не прецизираше за кога се одложува седницата, единствено кажа дека Јанева мора да се појави.

Според Сугарески, кршење на Деловникот е да не се утврди дневниот ред, а да се одложи седницата.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска