Со инженер од ЈП Водовод во тимот, Мециновиќ најавува решенија за Скопје, тврдат од Левица

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, објави дека во неговиот тим се приклучува инженерот Дејан Димовски, кој има долгогодишно искуство како раководител за електромашинско одржување, техничко следење и мониторинг во ЈП „Водовод и канализација“, се наведува во соопштението од Левица.

„Со оваа одлука, како што наведуваат од тимот на Мециновиќ, јасно се става до знаење дека еден од главните фокуси на Левица во Скопје ќе биде решавањето на хроничните проблеми со водоснабдувањето во градот, како и воспоставување на силни и ефикасни јавни претпријатија, целосно ослободени од влијанија на приватни интереси.

Оваа објава доаѓа по претходните повици на кандидатот на Левица до Скопјани активно да се приклучат во движењето за подобро Скопје и заедничко решавање на проблемите од секојдневието. Како што изјави тој, уште во првите 24 часа од објавата на кандидатурата почнале да се приклучуваат активисти и експерти од различни области“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он

Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

А1он

Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина

А1он

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Левицата: Радикално кратење на земјоделските субвенции

Горан Наумовски