Со гласовите на обвинетите пратеници потврдени уставните измени

Од:

Вечерва Собранието со 80 гласа „За“ ги потврди уставните измени за промена на името во согласност со Договорот со Грција.

„За“ гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети и тоа Сашо Василевски, Елизабета Канческа-Милевска, Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски. Василевски, Арнаудов и Мукоски се обвнети за настаните од 27 април и тие оваа недела беа ослободени од куќен притвор, а судот им определи мерки на претпазливост. Ексминистерката за култура, пак, е обвинета од СЈО во предметот „Тендери“.

„За“ гласаа и Владанка Авировиќ, чиј син е осуден на три години затвор во предмет на СЈО, но се уште без правосилна пресуда, потоа Емилија Александрова, Нола Исмајловска и Заќир Рамчиловиќ.

39 пратеници гласаа „против“, меѓу кои и обвинетите Никола Груевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски.

Пратеникот Крсто Мукоски денеска беше ослободен од куќен притвор, за обвинението за настаните од 27 април, поради што можеше да присуствува на седницата и да гласа.

Во текот на минатите денови и останатите обвинети пратеници беа ослободни од притовор.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата