Со европски пари ќе се гради трим патека во Банско

Од:

Општина Струмица доби европски пари за уште еден, трет проект со што ја потврдува водечката позиција во Македонија во искористувањето на средства од европските фондови.

Станува збор за изградба на трим патека во Банско, проект кој ќе биде реализиран во рамките на програмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Грција, а во кој партнери ќе бидат општина Струмица и регионот на Северна Грција. Вкупниот грант од ИПА програмата за изградба на трим патеката во Банско изнесува 134.500 евра.

Трим патеката ќе биде долга 604 метри и ќе се протега од центарот на селото до хотелот „Цар Самуил“, поврзувајќи ги кружно најзначајните културно – историски и туристички обележја во Банско.

„Со овој проект, општина Струмица успешно ја заокружува 2012 година во поглед на ползувањето на европски средства од ИПА програмата. За трите споменати проекти од исто толку грантови општина Струмица добива безмалку 700 илјади евра, што ја става на водечката позиција во нашава земја. Овој успех не е случаен, туку претставува плод на еден континуиран професионален ангажман на луѓето од општината, особено на оние од одделението за локален економски развој кои придонесоа веќе неколку години по ред, Струмица да ги добива најголемите европски грантови во Македонија. Заклучокот од сето ова би бил дека е важно да тропнеш на вистинската порта, но уште поважно е со каков проект ќе успееш во намерата таа порта да ти биде отворена. Општина Струмица има намера и во иднина со квалитетни проекти да биде мета за европските средства, со што ќе придонесува за понатамошно зголемување на квалитетот на живеење на своите граѓани. Со тоа и понатаму ќе останеме урнек за другите општини, но и за државата која како да нема стратегија за максимално искористување на европските фондови“, рече на денешната прес конференција градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.

Инаку, општина Струмица досега од европските фондови има искористено над 13 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски