Со емоционално учење до поквалитетно образование

Од:

Во посета на Општина Карпош беа ученици и наставници од проектот Еразмус+ „SWOT scouts“. Ученици и наставници од ООУ „Владо Тасевски“, заедно со претставниците од Италија, Шпанија и Хрватска, при што имаа можност да се запознаат со градоначалникот Стефан Богоев и да го претстават проектот на кој работат.

„SWOT scouts“ e проект кој работи на унапредување на емоционалната интелигенција кај учениците и наставниците. Сите вклучени страни учат за емоционална свест, самомотивација, сочувствување кон проблемите на другите, како и за размената на култури од различните држави.

Богоев пред присутните говореше за основното образование на Карпош, проектите кои локалната самоуправа ги презема за подобрување на условите во кои тоа се одвива, како и за севкупниот воспитно – образовниот процес.

– Покрај тековните интервенции, Општината инвестира и во разубавување на училишните дворови кои прераснуваат во спортско – рекреативни центри, со повеќе зеленило и простор за спортување. Исто така, се грижиме и за учениците со посебни потреби и отворивме сензорни соби во ООУ „Јан Амос Коменски“ и ООУ „Димо Хаџи Димов“, а се подготвува ваква просторија и за ООУ „Вера Циривири Трена“, рече Богоев.

На средбата се обрати и координаторката на проектот, м-р Виолета Панев која се осврна на базичните вредности на проектот, како и за идните фази на негова реализација.

Наставниците од Италија, Шпанија и Хрватска го истакнаа задоволството од работата на Општината на полето на образованието и детската заштита, затоа што се информирале за проекти кои навистина се корисни за карпошани, но и претставуваат добар пример и за другите чинители во општеството.

Со посетата на различните градови и држави учениците учат и за различните култури, споделуваат различни позитивни искуства и практики кои потоа ќе ги применат во своите училишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош