ВИДЕО: Со два багера продолжува уривањето пред „Мавровка“

Од:

Втор ден екипи на „Македонијапат“ ја уриваат дивоградбата пред ДТЦ „Мавровка“. Доцна синоќа кај градилиштето бил донесен уште еден багер, па денес истовремено ќе се урива со две машини.

Просторот околу објектот е ограден со заштитана лента, а и денес уривањето го обезбедуваат голем број полицајци.

Уривањето почна вчера, еден ден по владината одлука дивоградбата да ја урне „Македонијапат“ откако ниту една фирма не се јави на огласите на Општина Чаир.

Вчера првпат во јавноста се појави и сопственикот на дивоградбата Мевљудин Алити кој тврди дека имал одобрение да го обнови објектот кој изгоре до темел во мај. Тврди дека никаде не било прецизирано со каков материјал да го обнови, а тој се одлучил за армиран бетон.

Градбата според него не излегува од габаритот на изгорениот објект и не планирал да гради уште еден кат туку само покрив иако во објектот се гледаат скали кои водат на вториот кат. Алити најави дека за уривањето ќе се жали во Стразбур.

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина пешак во Бутел – несреќата снимена, автомобил мина на црвено, удри друга кола и ја исфрли на тротоарот

А1он

Сообраќајка кај Мавровка, повредени четири лица

А1он

Конструкција за покрив се мести за урнaтото кафуле пред „Мавровка“, Алити нема да тужи за уривањето

Маја Илиевска-Пачемска

Градоначалникот на Чаир подготвен повторно да се урива ако пред „Мавровка“ не се изгради објект од метална конструкција

Маја Илиевска-Пачемска

Со Мавровка, Владата покажа цврста одлучност и треба така да продолжи, смета Николовски

Ана Ололовска

Владата не рушеше пред Мавровка, туку асистираше на Општина Чаир, вели премиерот

Ана Ололовска