Со дронови и со куче трагач продолжува потрагата по Мартин

Од:

Со два воздушни дрона и со куче трагач грчките власти денеска ги продолжуваат напорите за лоцирање на 31-годишниот Мартин, третиот исчезнат Македонец од групата од тројца пријатели кои ги однесе моретто во саботата, но двајца, Иван и Васил веќе се пронајдени.

Грчките медими утрово јавуваат дека во потрагата се вклучуваат двата дрона и кучето, а продолжуваат да дејствуваат и пешадиските единици на спасувачите како и бродовите.

Дрон ќе ја пребарува областа кон Аја Параскеви бидејќи е непристапна и не може да се стигне со подводниот дрон.

Капетанијата на пристаништата ги продолжува увидите за лоцирање на 31-годишникот со брод, иако помина третиот 24-часовен рок што го предвидува грчкиот закон. Но по комуникацијата на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи со грчкиот колега Никос Дендиас, потрагата ќе продолжи и по законскиот рок од 72 часа.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски