Со дипломатски напори, успешно организиран конвој на македонски превозници од италијанско-словенечката граница до Република Северна Македонија

Од:

Министерството за надворешни работи информира дека по добиената информација за повеќемина заглавени македонски автопревозници на италијанско-словенечката граница, поради нејзино затворање од страна на словенечките власти, преку своите дипломатско – конзуларни претставништва во Љубљана и Загреб, стапи во контакт со надлежните власти на релевантните држави со цел непречен премин до матичната држава.

По успешните дипломатски напори, информираме дека е овозможен транзитен камионски транспорт со полициска придружба преку словенечка територија, до крајната дестинација, Република Северна Македонија.

Воедно, Министерството за надворешни работи изразува благодарност на словенечките и хрватските колеги за брзата реакција и обезбедувањето на конвојот на нивна територија.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска