Со дефиле на Воениот оркестар и гардистите низ градовите ќе се јакне цивилно-воената соработка

Од:

Со дефиле низ охридската чаршија, гардистите и Воениот оркестар на АРМ вчера ги покажаа своите вештини во работа со оружје преку изведбата на точката „Егзирцир“.

Воениот оркестар на АРМ со едночасовен концерт на плоштадот им овозможија уживање на голем број граѓани на Охрид, како и на туристи кои престојуваат во нашиот најголем туристички центар, соопшти денеска Министерството за одбрана.

На концертот во Охрид присуствуваа државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, претставници на локалната самоуправа од градот Охрид, високи претставници од ГШ на АРМ и други гости.

Концерти на Воениот оркестар се одржаа во Битола, Прилеп, Струга и Охрид, каде што граѓаните имаа можност да се дружат со припадниците на АРМ, што е особено важно за населените места каде Армијата нема лоцирано свои гарнизони. Реализацијата на проектот продолжува на есен со гостување на Воениот оркестар во Струмица.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он