Со Чулев си заминуваат и неговите началници, меѓу нив и поранешниот телохранител на Мицкоски

Од:

Началниците назначени од Наќе Чулев во Министерството за внатрешни работи се разрешуваат со неговото заминување од министерската фотелја, а на нивните места се враќаат досегашните дополнителни заменик-началници. Меѓу нив е и командирот на Единицата за специјални задачи „Тигар“, Ивица Бисовски кој претходно беше телохранител на Христијан Мицкоски, а кого јавноста го знае од снимката од случајот „Теретана“ кој сега го испитува Обвинителството. Бисовски се враќа во Одделот за обезбедување на личности и објекти каде ќе биде виш инспектор, а на негово место, се враќа Митко Даневски.

Промени ќе има и во СВР Скопје, каде началник беше Ристе Ставревски, кадар за кој не се согласуваше дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска, бидејќи тој се слуша во „бомбите“ кои во 2015 година ги објавуваше СДСМ, но и покрај тоа беше назначен. На местото од Ставревски се враќа Тони Јакимовски.

Во СВР Велес, наместо Игор Ангеловски, ќе биде назначен Злате Јаневски, во СВР Струмица со полицијата ќе раководи Танчо Пројкоски, во Штип командир ќе биде Марјан Коцев, а во Охрид на местото на Илија Милески, ќе биде Сашо Смилески и во СВР Битола, прв човек ќе биде Славко Јовановски.

Од началничкото место си заминува и Александар Јанев, а на негово место се враќа Лазо Велковски. Со Итерветната единица на СВР Скопје повторно ќе раководи Примислав Димовски, во Одделот за информатика и телекомуникации се враќа Марјан Здравковски, додека како помошник министер во Одделот за внатрешна контрола се враќа и Дејан Андонов. Наместо Сашо Зенговски, со одделот за специјални полициски операции ќе раководи Бранко Трајановски.

Инаку, според Пржинскиот договор, а предвидено во Законот за Влада, техничкиот министер за внатрешни работи кој се назначува за спроведување на изборите има право на 15 разрешувања или распоредувања во министерството. Тоа право го искористи Чулев и назначи негови кадри, кои сега, се враќаат на работните позиции каде работеле пред да бидат поставени за началници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес