Со багери и камиони се чисти претоварната станица за отпад во Тетово

Од:

По завршување на сите процедури за изборот на приватна фирма, со багери и камиони почна расчистувањето на целиот простор од претоварната станица за смет на влезот во Тетово, кај силосите на „Жито полог“, информира денеска градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи.

– Со изградбата на новата претоварна станица кај клучката за Требош и добиените средства од 12 милиони денари со ребалансот на државниот буџет очекувам, ако се задржи договорениот интезинтет, овој простор во најкраток можен рок, за помалку од еден месец да биде целосно исчистен. Потоа тука ќе биде извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација според стандардите со што уште еднаш ќе покажеме дека се залагаме и работиме за стабилни долготрајни решенија за градските проблеми, рече Арифи.

Според Арифи, новата претоварната станица има капацитет да го прифати сметот што се собира од Тетово. По извршената селекција тој ќе се транспортира во регионалната депонија Русино или во скопска „Дрисла“, согласно договорите што ЈКП-Тетово ги има склучено.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии