Со автоматско оружје пукано кај казино „Вегас“ на Качанички пат, убиени две лица

Од:

Разбојништво се случило утрово во казиното „Вегас“ на Качанички пат. Група од напаѓачи со автоматско оружје, испукале неколку куршуми кон засега непознати лица, потврдуваат од МВР за „А1он“.

До разбојништвото дошло кога четири вооружени лица влегле во казиното и почнале да пукаат кон присутните, при што го застрелале В.Х.(22) од Косово, кој починал на лице место. Разбојниците со кундек го удриле и 20-годишниот Б.Н. од с. Крушопек, скопско, кој бил ангажиран како приватно обезбедување, по што и тој почонал.

„Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“, велат од МВР.

 

 

Би можело да ве интересира

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски