Казни по 1000 евра за седуммина, не се самоизолирале

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе предлози за казнен налог за седум лица, сите од Кавадарци кои не постапиле според здравствените прописи за време на епидемија.

Тие во земјава дошле од различни држави, а при влез, на 16 март, потпишале изјави за самоизолација. Сепак, при проверка од полициските службеници не биле затекнати во нивните домови во кои требало задолжително да ја спроведуваат мерката.

Обвинителството предлага судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, односно 1.000 евра.

Со одлуката е определено спроведување на задолжителна самоизолација за секој државјанин на Македонија кој влегува во државата на граничните премини, а патува од високо ризични или средно ризични земји утврдени со листата на Светската здравствена организација на денот на кој влегува во државата.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ