Снопче: Без поддршка на пратениците на Алијансата на Албанците, владата ќе биде нестабилна

Од:

Халил Снопче, пратеник од крилото на Алијансата на Албанците, предводено од Арбен Таравари, денеска рече дека претставници на партијата не биле поканети на вчерашниот состанок на владејачката Коалиција „Вреди“. Снопче пред медиумите истакна дека не знае какви одлуки се донесени на состанокот.

– Немам официјална информација од службите на Собранието, дали тие девет пратеници побарале посебна пратеничка група. Доколку тоа е вистина, тоа имплицира дека Алијансата на Албанците останува со пет пратеници, рече Снопче.

Дополни дека се уште тој е координатор на пратеничката група на „Вреди“ од 14 пратеници, бидејќи се уште не е формирана нова пратеничка група.

– Доколку со девет потписи се обратат до Собранието дека имаат формирано нова пратеничка група, тогаш по автоматизам ние ќе дејствуваме со наша пратеничка група од петмина пратеници, рече тој.

Снопче посочи дека како партија се отворени за сите опции, дека Алијансата на Албанците може да биде и опозиција, но, нагласи, „ доколку тие се надвор од Владата, тоа ќе значи потреба од нови парламентарни избори“.

– Таа Влада ќе биде нестабилна со само девет албански претставници, рече тој.

Коалицијата Вреди вчера најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат и соопшти дека отсега ќе делува како еден политички субјект.

Би можело да ве интересира

Снопче: Илире Даути продолжува да биде претседател на Комисијата

СДСМ: Снопче, Мицкоски и Таравари да сработат нешто, не да се расправаат

„Нека им е со среќа“, им порача Мицкоски на Ахмети и на Снопче по заканите за протести и излегување од владатa

Катерина Ѓуровски

Снопче: Трите нови компании за организирање на интернет игри на среќа се без законска основа

Предраг Петровиќ

Снопче: ЗНАМ имаат тенденција да дејствуваат како да се во изборна кампања, нивен став е едно, а реалноста е друго

Горан Наумовски

Снопче: ВЛЕН очекува да има 80 пратеници кои ги ги поддржат измените за реогранизација на министерствата