„Нека им е со среќа“, им порача Мицкоски на Ахмети и на Снопче по заканите за протести и излегување од владатa

Од:

Јас на закани не одговарам баш онака како што другите очекуваат, а кога некој се заканува треба тоа и да го реализира, за да не остава лош впечаток во јавноста рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за изјавата на пратеникот на ВРЕДИ Халил Снопче дека коалицијата ќе ја напушти Владата ако бидат увоени измените на Законот за бранители без предвидено обештетување на борците на ОНА.

Нека му е со среќа – вака кусо и отсечно премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше најавата на пратеникот Снопче.

Премиерот идентично реагираше и на прашањето за најавите на лидерот на опозициската ДУИ Али Ахмети за протести поради одлуките за балансерот.

– И нему му посакувам добро здравје и среќа – одговори премиерот Мицкоски.

Тој рече дека не функционира со закани и уцени.

– Ако некој се заканува, треба и да го реализира тоа, а ако не, остава лош впечаток во јавноста. Јас на заканите не одговарам баш така како што некој може да очекува. Изненаден сум што еден професор користи речник на закани, но тоа е негова одлука. Не знам кога ќе дојде на дневен ред во Собранието Законот за бранители, но кога ќе дојде, ќе ја има нашата поддршка – рече Мицкоски.

На новинарско прашање дали ќе го повика претседателот на Собранието да ја свика Комисијата за социјална политика, демографија и млади за Законот за бранителите, Мицкоски рече дека го повикува, бидејќи СДСМ тоа го бара.

Предлог-законот за бранители е во собраниска процедура и треба да се носи по скратена постапка, но е заглавен во Комисијата за социјална политика, демографија и млади бидејќи претседателката на Комисијата Илире Даути од редовите на Европскиот фронт предводен од ДУИ, не закажува седница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on