Снимка од приведувањето на Груевски во Будимпешта

Од:

Судот дал наредба за приведување на експремиерот и бегалец Никола Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои најверјатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски утрово бил приведен во т.н. 11 област во Будимпешта, а рочиштето за неговата екстрадиција е во тек.

Груевски во судот влезе со палто префрлено преку рацете, веројатно за да ги скрие лисиците од камерите што го снимаа.

Тој носеше и капче, а се забележува дека кога бегал од Македонија имал време да ги земе и скапите очила за кои тој тврдеше дека биле само 300 евра.

Рочиштето е затворено за медиуми, а деталите ќе се знаат по завршувањето. Унгарските новинари велат дека познавајќи го судскиот систем во државата, судот ќе одлучи во корист на Груевски, односно, тој нема да биде екстрадиран во Македонија каде треба да ја одлежи две годишната затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“.

Последно, Министерството за правда бараше екстрадиција за Груевски и поради крвавите инциденти на 27 април, настан за кој тој е осомничен како еден од организаторите.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он