Снежната покривка на Попова Шапка е 26 сантиметри, денес се очекуваат нови врнежи од снег

Од:

Изутринава во земјава е облачно со локални врнежи од снег, само во Гевгелија имаше слаби врнежи од дожд. Дуваше умерен, на места засилен северен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина над 40 км/ч.

Висината на снежната покривка во Попова Шапка достигна до 26 сантиметри, во Пожаране – 16, и 10 сантиметри во Крива Паланка, Маврово и Тетово. Најмногу дожд ноќеска наврна во Пожаране, Маврово, Тетово и Скопје. Најласно беше во Маврово (-7 степени), а најтопло во Дојран (2 степени).

Денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено претпладне. На места поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3 степени.

Во Скопје, претежно облачно, претпладне со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 2 степена.

Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштат под нула. По котлините ќе има услови за појава на магла.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато