Снегот заглави неколку лица во реонот на Општина Студеничани

Од:

На две локации во атарот на Општина Студеничани поради високите снежни наноси се заглавени неколку лица, известија надлежните служби.

Имнео, поради наноси од снег повисоки од 60 сантиметри, едно лице е заглавено во месноста „Празни торба“ – Црни врв, село Цветово во Општина Студеничани.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), лицето денеска, во 9.18 часот, во РЦУК Скопје пријавило дека е заглавено, се наоѓа во сопствена викендица и не е во можност да го користи сопственото моторно возило, иако има зимска опрема.

Од РЦУК Скопје го известиле градоначалникот на Општина Студеничани, кој информирал дека имаат договор со фирма за чистење на снегот, но само до населените места. Потоа од градоначалникот добиле информација дека не успеале да обезбедат багер за чистење на снегот, но на пријавителот му било понудено да биде евакуиран со возило мотор со гасеници, но го одбил тоа бидејќи не сакал да го остави возилото.

Исто така денеска во 9.20 часот добиена е пријава за лица кои се наоѓаат во Планинарскиот дом „Караџица“ во Општина Студеничани, со возило, но поради висината на снежната покривка не можат да се вратат дома.

И за овој случај е известен градоначалникот на Општина Студеничани.

ЦУК соопшти дека има проблеми со водоснабдувањето во Берово, Кавадарци и Крушево. Апелираат сите итни случаи да се пријавуваат на бројот 112 во ЦУК.

Би можело да ве интересира

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат

Рекордни снежни врнежи во Москва и во Московскиот регион

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Студен ден со облачност и повремени врнежи од снег

Горан Наумовски

Силни врнежи и снег во западните делови, студен бран ја зафати државата

Претпладне дожд, попладне снег