Снег речиси во цела земја, се очекува врнежите да продолжат и утре

Од:

Врнежите во поголем дел од земјава се од снег, а само во крајните источни делови се од дожд, каде се и најинтензивни и имаат пороен карактер. Во ноќните часови врнежите ќе се намалуваат. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утре врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе има во источните и јужните делови, а во крајните југоисточни ќе бидат од дожд и снег, информираат вечерва од Управата за хидрометеоролошки работи.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 97 сантиметри, во Маврово – 80 сантиметри, во Лазарополе – 50 сантиметри, Пожаране – 45 сантиметри, во Тетово – 16 сантиметри, во Скопје – 15 сантиметри, Демир Капија – 13 сантиметри, Претор – седум сантиметри, во Тополчани и Битола – пет сантиметри и два сантиметри во Берово.

Врнежите од снег ќе продолжат и во Скопската Котлина, во ноќните часови ќе се намалуваат по интензитет.

Во Гевгелија наврнаа 68 литри на метар квадратен, во Демир Капија – 63 литри, во Струмица – 40 литри, во Виница – 23 литри, во Берово и Пожаране – 20 литри, во Штип – 16 литри, во Тетово – 14 литри…, информираат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато