СМК: Кревањето на 35 метарско албанско знаме во Кичево е провокација

Од:

Шестметарско знаме на јарбол од 35 метри вчера постави ДУИ во Кичево, на манифестацијата посветена на 100-годишнината од албанската независност и албанското знаме.

Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров смета дека кревањето на шестметарското албанско знаме на 35 метарски јарбол во Кичево, во присусто на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претставува провокација против толеранцијата.

„Законот за територијалната организација на локалната самоуправа не значи освојување територии, туку ефикасна локална власт еднаква за сите граѓани во општината независно од нивното етничко потекло и верско уверување. Очигледно демонстрацијата на доминација е продолжение на реториката на Али Ахмети меѓу Албанците во Швајцарија во поканата за учество на претстојните локални избори, дека Кичево е освоено и албанско“, соопшти СМК.

СМК од власта бара, како што нагласи, отстранување на дивоградбата поставена од неовластени лица и поведување постапка за кривична и прекршочна одговорност против сторителите.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански