Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Од:

Самитот на НАТО во јули во Вашингтон, прво и основно, ќе биде славење на 75 години работа како трансатлантски партнери преку Атлантикот, но ќе се дискутира и на повеќе различни теми и сакаме да поминеме одредено време во разговор за споделување на товарот и фактот дека многу земји напорно работеа во последната деценија во зголемувањето на трошоците за одбрана, вели постојаната претставничка на САД во Алијансата, Џулијан Смит.

Овде сакам навистина да ѝ се заблагодарам на Северна Македонија. Ова е земја што донесе навистина тешки одлуки за да го достигне прагот од два проценти од БДП за одбраната. Северна Македонија е сега над прагот, над два процента и ги поздравуваме тие напори и сите земји што го направија тоа, нагласува Смит.

Таа најави дека веројатно следната седмица НАТО ќе објави нов извештај за споделување на товарот, кој ќе покаже дека околу две третини од членките на Алијансата сега трошат над два проценти од БДП за одбрана, што според неа, е важно бидејќи значи дека сојузниците можат да ги исполнат своите обврски.

– На самитот ќе зборуваме и за Украина. Очекуваме (украинскиот) претседател Зеленски лично да ни се приклучи, а Алијансата ќе најави дополнителни форми на помош за Украина, политичка поддршка, односно веќе сте слушнале како зборуваме за мост кон членство. Градиме мост кон членство за Украина, истакна американската амбасадорка.

Смит нагласува дека САД сметаат оти најголем дел од земјите членки на НАТО прават се што можат за да и помогнат и наоѓаат начини да ја поддржат Украина, некои преку обезбедување хуманитарна и економска помош, други преку безбедносна поддршка, а голем број ги даваат сите три видови на поддршка.

– Да започнам со тоа што ќе се заблагодарам на Северна Македонија за нејзиниот значителен придонес за украинските сили. Овој придонес е од клучно значење и поздравуваме сè што направи Северна Македонија и продолжува да прави за народот во Украинa – истакна американската амбасадорка.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот