Смилевски од Бутел најави подобра инфраструктура и економски раст

Од:

Економски раст, повиски плати, нови работни места и поддршка за домашните компании, пред се за малите и срeдните претпријатија, најави денеска кандидатот за градоначалник на Бутел од СДСМ Велимир Смилевски.

– Најголемиот проблем за спориот економски развој во нашата општина се должи на инфраструктурни проблеми кои со години го отежнуваат развојот за инвестирањето во отварање нови работни места и развој на постоечките индустриски и стопански капацитети. Планираме вложувањето во решавањето на инфраструктурните проблеми да биде направено со залагање на локалната власт, а не како досега да биде препуштено на само финансирање и оптеретување на буџетот на приватните компании кои гравитираат на овој дел, изјави Смилевски.

Според него, придобивките од овие услуги на локалната власт ќе бидат за подобрување на бизнис климата и отварање нови работни места за кои приоритет ќе имаат жителите на општина Бутел.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски