Сметката на Макпетрол и натаму блокирана, Судот дополнително ќе одлучува

Од:

Основниот суд Скопје 1 се уште ја нема одблокирано сметката на Макпетрол, како што бара обвинителството. Велат, дополнително ќе одлучуваат.

Од Судот потенцираат дека Јавното обвинителство не уважува жалби и не носи одлуки за одблокирање на сметки како што објавиле медиумите, туку како странка во постапката пред Судот само дава предлози.

„Ја информираме јавноста дека од страна на ЈО доставен е одговор на жалба против донесеното решение на судија на претходна постапка за обезбедување на имотот и за привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции, во кој одговор се предлага жалбата по однос на опстојувањето на изречената мерка – забрана за подигнување парични средства од сметките во повеќе банки, од обжаленото решение да биде уважена и решението на судијата на претходна постапка по однос на оваа точка да биде укинато. Судот по однос на наводите наведени во жалбата на Макпетрол АД и по наводите во одговорот на жалбата на ОЈО, дополнително ќе одлучува при што сеуште не е донесена судска одлука дали сметката ќе биде одблокирана по повод жалбата“ стои во соопштението од Основниот суд.

Би можело да ве интересира

Соработка на „Макпетрол“ и МОН – нов прирачник против врсничко насилство за училиштата

Горан Наумовски

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот

Донација од „Макпетрол“ за основните училишта во општина Центар

Ана Ололовска