Сменети локациите на неколку гласачки места во општина Штип

Од:

Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК) за општина Штип, Сенка Андреева на денешната прес-конференција информираше дека на неколку гласачки места во Штип и селата им се сменети локациите.

– Во текстилното училиште сите гласачи кои гласаат на избирачкото место 2295 сега ќе гласаат во просторија на ОУ „Ванчо Прќе“, потоа во Месната заедница „Брегалница“ или на избирачкото место 2262 ќе гласаат во Државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“, СИЗ за станување избирачко место 2300 – сите гласачи ќе гласаат во ОУ„Ванчо Прќе“. Во село Пиперово на избирачко место 2304 гласачите веќе нема да гласаат во нивното село, туку ќе гласаат на гласачкото место во село Лесковица. Како и минатата година жителите од Судиќ ќе гласаат во селото Врсаково и од селото Сушево гласачите ќе гласаат во приградската населба Три Чешми, вели Андреева.

Таа забележа дека се одвиваат сите активности за спроведување на Локалните избори на 15 октомври. Апелира да имаме фер и демократски избори, но и за тоа како еден гласач треба да гласа на своето гласачко место.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“