Смена на директори во Клинички центар

Од:

Нино Васев е нов директор на Клиниката на онкологија. Досегашниот директор Милан Ристески кој беше еден од учесниците во немилиот настан во Собранието на 27 април е разрешен со решение на министерот Арбен Таравари.

До промена на директорите дојде и на Клиниката за неврохирургија откако актуелниот директор Александар Чапаровски беше приведен за земање мито од пациенти, за в.д. директор на клиниката назначен е Илија Панговски.

Се очекува и смена на директорката на Клиниката за гинекологија Марија Хаџи-Лега. Како нејзина замена се споменува името на докторката Викторија Јовановска. Најавена е и ревизија на целокупното работење на директорката и на нејзините претходници, Сашо Јовчевски и Адела Стефанија.

Министерот Таравари неодамна најави смена на директорите, но дел и дека ќе останат на своите функции, а таквите одлуки ќе ги донесува според стручноста и професионалноста, а не според политичката припадност.

Во јавноста се говори дека директорката на Клиниката за детски болести, Аспасија Софијанова како и поранешниот кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев ќе ги задржат директорските места во своите клиники.

Би можело да ве интересира

Жена ограбена додека лежела на клиника

А1он

ВИДЕО: Пожар на Клиниката за радиологија, евакуирани вработените и пациентите

Мери Јордановска

Владата донесе нови одлуки за кадровски решенија во повеќе институции

Жарко Настоски

Разрешен првиот човек на Царина Танасоски, на негово место доаѓа Горан Сугарески

Жарко Настоски

Владата објави низа кадровски решенија, Мухамед Зеќири именуван во Советот за реформа на јавната администрација

Жарко Настоски

Антикорупциска: Се злоупотребува именувањето на В.Д. директори во институциите

Мери Јордановска