Словачка: ЕУ мора да отвори преговори со Македонија

Од:

Иван Корчок, државниот секретар за надворешни работи на Словачка порача дека Македонија мора да добие преговори со ЕУ.

– Позицијата на Словачка е апсолутно јасна: преговори мора да се отворат за Македонија. Тие го решија спорот за името, се согласувам со Европската Комисија дека прогрес е направен внатрешно во оваа земја, бев во Скопје и апсолутно ќе поддржам отворање, рече Корчок.

Денеска министрите за надворешни работи дискутираат за преговори со Македонија. Неизвесно е дали одлуката ќе биде донесена денеска или на претстојниот Самит на ЕУ на 28 и 29 јуни.

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Фицо: Политиките кон Украина ја разнишуваат довербата во ЕУ