• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Мери Јордановска
Македонија

„Слетавме од Париз, а никој на скопскиот аеродром не нè извести дека е задолжителна самоизолација“

by Мери Јордановска15/03/2020 - 16:3816/03/2020 - 01:113261
Share0

Голем број патници кои транзитираат на скопскиот аеродром реагираат дека не им се даваат препораки во однос на тоа дали треба да бидат во самоизолација.

Добивај вести на вибер

Владата вчера донесе мерки дека секој кој слетува од средно или високоризичните држави ќе потпишува изјава за самоизолација, но останува отворено прашањето што е со оние патници кои претходно слетале на скопскиот аеродром од високоризичните земји, а буквално никој не им дал препорака дека треба да бидат во домашна изолација 14 дена, одлука што Владата ја донесе уште на 12 март годинава и со тоа ги задолжи авиокомпаниите.

Таков е случајот со Татјана А., која слетала од Париз вчера (13-ти кон 14-ти), пет минути по полноќ. Франција се наоѓа на листата на високоризични држави во однос на коронавирусот.

Само десетина минути подоцна по авионот од Париз, слетал и авионот од Барселона, со еден потврден случај на коронавирус, кога жената сама се пријавила дека има симптоми на болеста.

„Завршивме пасошка контрола брзо, ни беше измерена температурата, имавме основна брошура во раце, а во авионот пополнивме лист со име, презиме, адреса и телефон. И ни кажаа доколку сме биле во Кина, Кореа, Италија или Иран последниве 14 дена и имаме симптоми да се пријавиме.
Толку. Тоа беше сè.
Ние слетавме од Париз. Парискиот регион Ile-De-France имаше регистрирано околу 1000 случаи со корона вирус. Од тоа што видов во авион, никој од нас слетаните не доби упатства за владини одлуки, уште помалку за домашна самоизолација и најважно – што воопшто тој термин значи… барем на еден лист, црно бело испечатени упатства да ни се поделеа. Барем гласно да се потенцираше дека истите се задолжителни, да потпишевме додека ни се проверуваше пасошот некакво писулче дека сме ги виделе, прочитале, разбрале. Не знам дали ќе има силен ефект врз граѓанинот тоа, но е барем е обид да му се предочат и наметнат“, вели таа.

Со други зборови, вели Татјана, никој од осумдесетината патници кои вчера слетале од Париз, немале наредба ниту препорака за самоизолација. Таа самата решила да се самоизолира во следниве 14 денови, но не може да предвиди дали и останатите патници кои слетале од Париз го сториле истото.

„Ја поздравувам одлуката на Владата на секој граѓанин кој се враќа од средно и високо ризичните земји да му се издава писмена наредба за задолжителна самоизолација и да се надеваме дека сите ќе ја почитуваат“, вели таа.

За оние кои слетуваат од нискоризичните земји пак, буквално нема никакви препораки во однос на евентуална самоизолација. Прецизни упатства не постојат ни во однос на тоа што е со лицата кои живеат со оние кои се во карантин 14 дена – дали тие смеат да го напуштаат живеалиштето и кои се процедурите за да се заштитат.

aerodromkoronaviruspariz

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:13

Три жени се избодени во париското метро

Горан Наумовски26/12/2025 - 19:3826/12/2025 - 19:47

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 13:0921/12/2025 - 19:04

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 10:59

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он25/11/2025 - 19:17

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен